април 9, 2020

Вухан, 9. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на Вухан, кинескиот град откаде што почна ширењето на новиот коронавирус, полека се враќаат во нормала… А, паровите чиишто врски го преживеаја сѐ ова, сѐ почесто решаваат да прослават со – брак.

Според официјални бројки, барањата за венчавки се зголемиле за 300 отсто последниов период.

Властите на Вухан официјално ја отворија службата за венчавки минатиот петок. Сепак, по долгото време на изолација, се претпоставува дека и бројот на разводот би можел да се зголеми. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука