мај 15, 2021

Охрид, 15. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Бројни охриѓани денеска точно напладне излегоа пред зградата на општина Охрид со цел да го искажат своето несогласување со дигитализацијата на учебниците.

Организаторите со став дека новиот закон за учебници ќе биде блокиран со сите можни форми.

Покрај во Охрид, родителите протестираа во неколку градови во земјата. Револтирани се дека никој не ги зема предвид нивните мислења иако станува збор за нивните деца. Демонстрантите побараа оставка од министерката за образование, Мила Царовска.

Од Министерството за образование соопштија дека протестот на родителите е апсурден. Според МОН, дигитализацијата е глобален процес, а Македонија се обидува да држи чекор со него. Судири околу ова прашање имаше и меѓу СДСМ и ВМРО. Од владејачката партија тврдат дека зад протестите стои ВМРО за да ги штити милионските бизниси, но од опозицијата возвратија дека дигитализацијата ќе има негативен ефект и врз учениците и врз наставниците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид Реално

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука