септември 15, 2020

Охрид, 15. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Расте свеста и луѓето се’ почесто ја препознаваат потребата од масажа и релаксација и има се’ повеќе интерес за користење на услугите во Масажниот центар во хотелот Sky Corner.

Секако дека рачната масажа е незамлива, но и кај нас и во светот се’ повеќе се користат и термомасажните кревети и фотелји, вели кинизитерапевтот во Центарот, Стевче Видов.

-Кога клиентите почнуваат да ги чувстуваат подобрувањата од термомасажните кревети и фотелји, како на пример пообрувањето на циркулацијата, опуштањето на мускулатурата, намалувањето на стресот и зголемување на расположението, тогаш почнуваат да ја разбираат придобивките и бенефитите на масажата.
Свесни за тоа дека финасиите се секогаш ограничени и за да излезет во пресрт на ограничениот буџет, Видов вели дека излегле со понуда преку која услугата е достапна за многумина. Авто масажа на термо масажен кревет од 35 минути чини 150 денари, а 15 минутна масажа на фотелјата чини 100 денари. Посебна погодност е пакетот од 10 масажи на теромо масажниот креветот или фотелјата (кои може да се комбинираат) и чини 800 денари. Околу придобивките и прочитајте повеќе во интервјуто со Видов за Супер радио и OhridPress.

Супер радио: Колкаво искуство и какво образование стои во Вашето портфолио како кинезитерапевт?

Видов: Се образував во Бугарија на Факулететот за кинезитерапија. Имам 15 годишно искуство, но сакам да ја истакнам огромната важност за постојано унапредување, преку натамошни курсеви и обуки, преку кои имам стекнато голем број на дипломи.

Супер радио: Кои се најчестите причини за вкочанетост и мускулни тегоби кај луѓето?

Видов: Кога човек има мускулна напнатост се чувствува непријатно. Во модерен и динамичен свет во каков живееме и неопходно е да применуваме и релаксација, на која луѓето често забораваат. Мора да си дадеме опуштање, подобрување на крвотокот и ослободување од мускулната напнатост. Кон таа состојба ако ја додадеме и генерално намалената физичка активност, ќе сфатиме и зошто сe повеќе расте свеста кај луѓето околу бенефитите од масажата. Исто така и хроничните болести придонесуваат за зголемување на напнатоста и преоптовареноста, не само на мускулатурата и коските, туку таквата состојба дополнително не прави да сме поподложни на стрес. Она што особено треба да не загрижи е податокот дека околу 90% од децата во денешно време покажуваат одредени деформитети на мускулно скелетниот систем, поради намалената физичка активност и зголемената употреба на компјутерите.

Супер радио: Кои масажи се најбарани во салонот на хотелот Sky Corner?

Видов: Најголем дел ги користат медицинските масажи, доаѓаат со болки поради одредени здравствени проблеми. Во поседно време се поактелна е и киропрактиката, која претстатвува крцкање на р’бетот и сите постоечки зглобови на телото. Преку ослободување на притисокот создаден во меѓупршленскиот простор се добива чувство на леснотија и се ослободува од напнатоста во телото.

Супер радио: Каква е свеста кај луѓето за продобивките од масажата, медицинска или релаксациска?

Видов: Расте свеста, луѓето се почесто ја препознаваат потребата од масажа и релаксација. Има се повеќе интерес за користење на нашите услуги. Кога клиентите почнуваат да ги чувстуваат подобрувањата од масажните кревети и фотелји, како на пример пообрувањето на циркулацијата, опуштањето на мускулатурата, намалувањето на стресот и зголемување на расположението, тогаш почнуваат да ја разбираат и бенефитите на масажата. Рачната масажа нема замена, но за да излеземе во пресрет на нашите клиенти кој ја разбираат потребата, направивме многу достапни пакети за креветната масажа и фотелја. За најдобри ефекти јас би ги препорачал во комбинација со рачната масажа.

Супер радио: На каков принцип работат масажните кревети и фотелји и колку чини нивната употреба?

Видов: Станува збор за кревети од брендовите „Супер Орто“ и „Нуга Бест“. Авто масажа на термо масажен кревет од 35 минути чини 150 денари, а 15 минутна масажа на фотелјата чини 100 денари. Посебна погодност е пакетот од 10 масажи на масажниот креветот или фотелјата (може да се комбинираат) и чини 800 денари. Моја препорака е овие 10 третмани да се распоредат во текот на еден месец, а доколку сакаат секојдневен месечен третман, тој пакет чини 1.500 денари. Инаку креветите работат на пет принципи, прават длабинска масажа, акупресура, киропрактика, има топлотни ефекти со инфрацрвени зраци и турмани. Работат со посебни ролери кои ги насочуваат р`бетот и пршлените во правилна положба, а штом р`бетот и карлицата се во правилна форма, тогаш се ќе може да функционира нормално. Ќе истакнам дека овие третмани не ја заменуваат физичката активност, која е првостепена за правилно држење на телото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука