јануари 22, 2021

Париз, 22. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на своите колеги од Европската унија дека Франција ќе ги направи ПЦР-тестовите задолжителни за сите патници кон Франција, вклучително и другите земји на ЕУ, од недела, беше објавено од кабинетот на Макрон.

Прекуграничните работници и копнениот транспорт ќе бидат ослободени од таа обврска, додаде француското претседателство.

Тестот ќе треба да се изврши најдоцна во рок од 72 часа пред поаѓањето, беше речено по видео-самитот на лидерите на ЕУ што се одржа вчера. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука