јуни 25, 2020

Атина, 25. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со цел да се утврди стапката на имунитет кај населението, Националната организација за јавно здравје на Грција во соработка со Министерството за здравство, почна тестирање за присуство на антитела на ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Мобилните единици на организацијата за јавно здравје, вчера земаа примероци од вработените во центарот за лица со инвалидитет во западниот дел на областа Атика.

Како што соопштија од Националната организација за јавно здравје на Грција согласно стратешкиот план, тестирањето за антитела ќе продолжи, „за да се следи текот на пандемијата и за да се заштити јавното здравје“. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука