мај 14, 2020

Витез, 14. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во градот Витез, во цнтрална Босна и Херцеговина е поставен споменик, наречен „Три претседатели се мочаат по БиХ“.

Споменикот е поставен во Етно селото „Чардаци“ и според босанските медиуми, совршено ја опишува состојбата во државата. Сопственикот на комплексот Мирко Шакиќ вели дека вистинското име на споменикот е „Слога“ дека трите фигури не ги претставувале претседателите, туку трите конститутивни народи во земјата.

Скуптурите се во природна големина и по негова замисла ги изработиле двајца академски скулптори. (Крај)

извор: Врисак.инфо фото: Врисак.инфо

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука