мај 27, 2020

Берлин, 27. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – За да направи пријатна атмосферата во ресторанот, германски угостител поставил големи кадифени мечиња на столиците околу масите кои треба да бидат празни поради физичко растојание.

Кадифените животни изгледаат многу подобро од предупредувачките ленти или прегради од плексиглас, рече Муса Гезер, сопственик на ресторанот „Бифин бир“ во Хофхајм, во западниот дел на земјата.

– Гостите го прифатија тоа многу, многу добро, рече тој. „Нивната насмевка е загарантирана“.

Фотографиите од големи мечки на масите ги преплавија социјалните медиуми

Германските ресторани полека почнуваат да работат откако со недели беа затворени поради пандемија. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука