јули 14, 2020

Охрид, 14. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до 15-ти декември 117.122 граѓани ќе може да ги користат ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети што ги добија од државата.

Туристички ваучер од 6.000 денари добија вработени лица со низок доход, кој  не надминуваше сума од 15.000 денари месечно. Периодов беа поднесени и бројни приговори од граѓани кои велат ги исполнуваат условите, а не се пронашле на листата на кои им следи ваучер. Од министерството за финансии се очекува да се произнесат по приговорите, за што јавноста ќе биде информирана.

Во Охрид денес сончево време со температура до 28. степени

Нивото на Охридското Езеро и натаму под просекот за јули

Инаку граѓаните кои веќе ги добија ваучерите, на платформата „Дома си е дома“ може да изберат летување или зимување во расположливите хотели, приватни апартмани, автокампови, одморалишта, бањи, опфатени со оваа владината мерка.

Во насока на запознавање на пошироката македонска јавност со капацитетите и понудата со кои располага убавиот Охрид, Супер радио и OhridPress ја реализираат акцијата „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“.

Од сместувачките капацитети на охридската ривиера велат дека има интерес кај граѓаните за престој со ваучер, но се уште немаат конкретни резервации.

Корона викенд во Охрид, градот исполнет како за Илинденските празници

Откако ќе бидат искористени ваучерите од страна на граѓаните, Министерството за економија ќе им ги исплати средствата на туристичките капацитети за дадените услуги врз основа на доставена месечна фактура и месечен извештај за реализираните ваучери. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука