јули 17, 2020

Лондон, 17. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на Гренланд гласаат за отстранување на контроверзниот споменик на данско-норвешки мисионер, кој важи за симбол на данскиот колонијализам, пренесува Би-Би-Си.

Контроверзната статуа на Ханс Егеде се наоѓа во Нук, главниот град на островот каде живеат само 56.000 луѓе. Минатиот месец беше фрлена црвена боја на статуата и беше напишано „деколонизација“.

Дебатата за колонијалното наследство се засили во последните неколку месеци по полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд што предизвика антирасистички протести низ целиот свет, како и уривање на спомениците на контроверзните личности од историјата поврзани со колонијализмот или робовладетелството.
Егеде, роден во северна Норвешка, пристигнал во Гренланд во 18 век и ја започнал својата мисионерска мисија таму, што исто така се смета за почеток на данската колонизација на најголемиот остров во светот. Гренланд сега е дел од Данска, но ужива голема автономија.
Властите на Нук соопштија дека 555 луѓе досега гласале за споменикот да остане, додека 324 гласале за негово отстранување. Гласањето преку Интернет трае до 21 јули, пренесува Би-Би-Си. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука