февруари 16, 2021

Охрид, 16. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Утре се навршуваат две години од почетокот со работа на едно од најомилените места за излегување на охриѓани, хотелот Sky Corner.

– Нашата приказна започна во 2019 година. Утре славиме втор роденден на хотел Sky Corner. Две години исполнети со многу убави и успешни моменти и продолжуваме со уште поголема посветеност и труд. Вие донесете ја Вашата позитивна енергија и насмевка и повелете да го одбележиме годинава роденденот во малку поинаква атмосфера и правила кои ќе ги почитуваме, потенцираат од Sky Corner.

Хотелот е лоциран во центарот на градот, а во чест на роденденот утре се одобрува и попуст од 40% на целокупното мени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука