Халкидики, 3. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во Грција уживал и морскиот свет во периодот пред да се отворат плажите – камерите уловиле делфини како уживаат на брегот на Халкидики.
Делфините се едни од најубавите животни и сите уживаат во глетката додека тие си играат, скокат и се превртуваат во водата.
Овие прекрасни суштества во периодот додека плажите во Грција не беа отворени стигнале дури и до самата плажа во некој дел од Халкидики.
На социјалните мрежи вирално се шири видео од делфини кои уживаат на брегот на плажа на Халкидики. (Крај)
извор: Сител фото: архива
Прочитано: 2