февруари 10, 2021

Дубаи, 10. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ново кафуле во Дубаи целосно ја замени човечката работна сила со роботи.

Концептот на „РобоКафе“ е идеален за почитување на социјална дистанца, но не е инспириран од актуелната пандемија, бидејќи почнал да се развива пред повеќе од две години.

Посетителите нарачуваат кај роботи произведени во Германија, кои потоа ја подготвуваат пијачката и ја испорачуваат директно на нивните маси.

„РобоКафе“ е креирано со поддршка од владата на Дубаи. Луѓето интервенираат во кафулето само кога има технички проблем или кога треба да се дезинфицира просторот.

„Клиентите нарачуваат преку екран, а потоа сѐ се потпира на вештачка интелигенција“, вели извршниот директор на кафулето Рашид Еса Лота. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука