септември 24, 2020

Скопје, 24. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Емилија Николовска, ученичка од IX одделение во ООУ „Григор Прличев“ од Охрид, беше дел од екипата која освои злато, сребро и две бронзи на 24. Јуниорската балканска математичка олимпијада (JБMO). Денес, екипата беше примена од претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски.

Олимпијадата на која учествуваа ученици до 15,5 години, се одржа од 9-ти до 13-ти септември, а виртуелен домаќин на настанот беше Грчкото математичко друштво.

Претседателот Пендаровски, честитајќи им на учениците за овој извонреден успех, истакна дека тој, како и целата македонска јавност со голема радост ја прими оваа вест, која кај сите предизвика чувство на гордост и на среќа.

-Уживајте во овие моменти и радувајте се. Да се биде победник во олимпијада е голема работа и сите не направивте горди. Вие сте позитивен пример за сегашните и идните генерации – Ви благодариме, рече Претседателот.

Image may contain: one or more people, people sitting, table and indoor

Тој додаде дека нивниот успех покажал дека нема нерешливи задачи, кога кон нив се пристапува тимски и одговорно.

-Вашите медали што гордо и денеска ги носите на градите упатуваат порака до сите млади во нашата држава дека со посветена и напорна работа, со вложен труд секогаш резултатите доаѓаат, нагласи претседателот Пендаровски.

Претседателот им порача на учениците дека очекува да продолжат по истата патека, дека секогаш со мотивираност, желба и дисциплина можат да се совладаат и најголемите предизвици.

Image may contain: one or more people, people sitting, table and indoor

Екипата ја сочинуваа: Никола Спировски – добитник на златен медал, Дамјан Давков – добитник на сребрен медал, Никола Цветаноски – добитник на бронзен медал, Марија Атанасова – добитничка на бронзен медал, Матеј Гелев, Емилија Николовска, а водач беше Делчо Лешковски и заменик водач Борче Јошевски.

Годинава, на 24. Јуниорска балканска математичка олимпијада учествуваа 10 балкански држави и 8 држави – гости, а ги опфаќа сите ученици од основното образование и од средното образование кои до денот на одржувањето не навршиле петнаесет и пол години. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука