јануари 2, 2017

Манчестер, 2. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Манчестер јунајтед го дополни буџетот на Жозе Мурињо со нови 212 милиони евра за засилувања на екипата во наредните два преодни рока.

Дел од расположливите средства, според најавите, се очекува да бидат искористени за освежување на дефанзивната линија а мета на Јунајтед во наредниот период ќе биде и Антоан Гризман.

Доброупатените изразуваат верба дека Мурињо нема да штеди за привлекување на Французинот од Атлетико Мадрид како што не беше случај и со неговиот сонародник Погба. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука