февруари 27, 2021

Охрид, 27. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Претставници на Здружението „Охридски Еснаф“ денеска ќе остварат средба со членови на Независната угостителска Комора (НУК) на која ќе се расправа за можностите за финансиска поддршка од страна на државата.

– Во склоп на своите активности запознавање со членките и споделување на информации за активностите на комората пред новите членки, а по повод повеќето објавени повици за разна финансиска поддршка и грантови и споделување на информации за можностите и начините на аплицирање на членките и здруженијата, претставници на Независната угостителска Комора овој викенд ќе направат посета на Тетово-Гостивар, Охрид-Струга и Ресен-Битола-Прилеп. Во склоп на посетата планирани се работни средби со постојните и ново заинтересираните членки со Претседателите на здруженијата и нивни членови, информираат од НУК.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека во моментов како Влада имаат пет законски решенија кои треба да бидат донесени, а кои ќе им донесеа поволности и на грашаните и на стопанството, за жал гледаме дека се уште има превирања. Според него, сопствениците на угостителските објекти не се социјала, туку нивните работници се тие кои ги интересираат.

– Секако дека нас не интересираат и сопствениците, но ние уште на почетокот на кризата кажавме дека за нас секое едно работно место е битно и јас дента излегов да ги сослушам двете страни. Барањето на сопствениците во овој момент е тешко остварливо, а тоа е да се дозволи да се работи како ништо да не е, а второт е да ги сослушам нивните вработени кои имаат мака. Не е прашање на средства за да се обезбедат вакцини. Ние сме кажале дека ќе бидат обезбедни онолку срества колку што се потребни за да здравствениот систем функционира беспрекорно. Ние меѓудругото бевме една од првите земји кои уплатија авансно во ковакс системот, кој не профункционира онака какошто очекувавме. Тоа што системот на светско ниво не профункционира, ние треба да сме свесни дека кога си мал имаш предности и недостатоци. Првото е бидејќи си мал, а тоа нечини многу, додека недостаток е дека кога си мал многу потешко доаѓаш пред големите. Имаме показател дека 10-те најбогати и најголеми земји во светот добија 70% од вакцините, а се останото требаше да се распредели на 180 други земји, рече Битиќи за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука