февруари 9, 2021

Хаг, 9. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Авиокомпанијата „КЛМ“, во соработка со „Шел“ и холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство, го реализираше првиот комерцијален патнички лет со одржлив синтетички керозин.

На патничкиот лет на КЛМ од Амстердам до Мадрид, се користело мешавина од 500 литри одржлив синтетички керозин, произведена од „Шел“ во неговиот центар за развој во Амстердам. Горивото се произведува врз основа на јаглерод диоксид, вода и обновлива енергија од сонцето и ветер. Овој вид гориво гарантира намалување на испуштањата на CO2 за повеќе од 85 отсто.

Веста беше објавена вчера на Меѓународната конференција за гориво за синтетички одржливи авиони (САФ) во Хаг, Холандија, на иницијатива на тамошните власти. (Крај)

извор: Независен фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука