март 23, 2020

Лондон, 23. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Кралицата Елизабета Втора (93) ја напуштила Бакингамската палата пред неколку дена за да не се зарази со коронавирусот. Пред кралицата да оди во Винздор, персоналот во палатата бил тестиран на вирусот. Како што пишува „Мирор“, еден од нив е позитивен на ковид-19.

Тој, наводно, се разболел и бил позитивен на коронавирусот минатата недела, што го натерало персоналот кој го контактирал да се изолира.

– Работникот дозна дека е позитивен пред кралицата да замине во Виндзор. Палатата има 500 членови персонал, така што, како и секое работно место, не е незамисливо некој да се зарази, рекол припадник на кралското семејство.

Не е познато дали кралицата била во контакт со него. Откако се проширил коронавирусот, кралицата избегнувала ракување и блиски контакти.

Кралицата е во Виндзор со сопругот Филип (98). Тие одат таму секоја година за Велигден, овој пат порано го започнале одморот. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука