јуни 18, 2020

Скопје, 18. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за образование и наука информираат дека јавните средни училишта во кои се пријавени поголем број на ученици со ист број на поени од предвидениот број на ученички места во конкурсот за запишување ученици во средно образование за учебната 2020/2021 година, ќе организираат квалификационо тестирање на 22-ри јуни со почеток во 10:00 часот.

– Учениците кои се пријавиле за гимназиско образование (за сите подрачја) ќе бидат тестирани по наставниот предмет математика и по македонски, албански, турски, односно српски јазик, зависно од тоа на кој јазик ја следеле наставата во основното образование. Додека, за учениците кои се пријавиле за здравствена струка (за сите образовни профили) ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија, исто така на јазикот на кој ја следеле наставата во основното училиште, додаваат од МОН.

Конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 22 јуни 2020 година. (Крај)

извор: Министерство за образование и наука фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука