април 15, 2021

Скопје/Охрид, 15. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија ја доби „Златната награда за дестинација за патување“ (Golden Travel Destination Award) од холандските туристи кои гласаа и ја оценија нивната посета во странска земја којашто ја посетиле.

Највисоко е оценета локацијата на државава со 8.2 поени, рестораните со 8.1 и културата со 8 поени од можни 10 поени. Гостомпримството е оценето со 7.9, додека локалитетите со 7.8. Од градовите највисоко котира Охрид (8.1), а веднаш зад него се Скопје, Битола и Струга (7.6, 7.5 и 7.2).

Истражувањето е спроведено од холандската платформа Reisgraag.nl која го испитува задоволство од услугата на холандските тур-оператори, земји и туристички места низ целиот свет.

Воедно, оваа платформа е и туристичка агенција која традиционално го организира настанот „Reisgraag Awards“ по повод доделување на награди на места, дестинации и земји кои добиле највисоки оцени од холандските гости. Церемонијата оваа година е одложена поради пандемијата со COVID-19. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука