февруари 9, 2021

Скопје, 9. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Претставници на Сојузот на средношколци денес во 16:00 часот ќе имаат средба со премиерот Зоран Заев, на која ќе се разгледуваат нивните барања за законски измени со кои на државната матура ќе полагаат два наместо четири предмети.

Претседателот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи се надева дека ќе најдат заеднички јазик.

Средношколците од вчера го ставија во мирување бојкотот и се вратија на настава. Деновиве од Сојузот бараа од пратениците, а со некои и остварија средби, да најдат решение за една тема што опфаќа над 18 000 матуранти. Ходаи вели дека секоја партија ќе се обиде да ги партизира нивните барања, но вели тоа нема да го дозволат.

– Секоја партија ќе се труди да ги партизира нашите барања, но нема да дозволиме партизација, со нашиот Сојуз од 2017 година, се трудиме да е далеку од политиката, сакаме само да се бориме за поквалитетен образовен систем. Само ќе бараме од пратениците да најдат решение за една тема што опфаќа над 18 000 матуранти, ова е причина зошто баравме средби со сите пратеници од сите партии. Целиот проецес на лобирање беше да најдеме широк консензус, вели Ходаи.

Тој истакна дека даваат рок до крај на февруари предлог законските измени да се најдат во собрание, во спротивно од 1-ви март најави радикализација, ќе кампуваат во шатори пред Министерството за образование. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука