ноември 23, 2020

Охрид, 23. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Младата пијанистка Ана Кузмановска од музичкото училиште „Методи Патче“ од Охрид, од класата на професорката Ана Крстаноска,  освои Прва специјална награда на Меѓународниот натпревар „Млади таленти“ 2020 што се одржа во Скопје.

Натпреварот се одржа по повод 75 годишнината од формирањето на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Нема достапен опис

На натпреварот учествуваа ученици од основно и средно образование во повеќе дисциплини и категории. Нивните настапи беа оценувани од страна на стручна жири комисија составена од еминентни мизички педагози од земјава и странство, соопштија од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука