Нивото на Охридското Езеро денес на кота од 693,69 м.н.в, за три сантиметри над просекот за мај

Охрид, 26. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро е над просекот за мај.

Според денешните мерења на УХМР водата е на кота од 693,69, што е за три сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,66 м.н.в). Температурата на езерската вода е 15,5 степени.

Нивоата на реките Црн Дрим и Сатеска и натаму се далеку од месечниот просек. Според хидролошките мерења Сатеска кај Ботун е дури девет пати пониска од мајскиот просек.

Фотографија на UHMR.

Времето денеска променливо облачно и посвежо. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.

УВ индексот ќе биде 5, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 14. степени.

– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и посвежо со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

scroll to top