Одложен за една година приемот на Коби во „Куќата на славните“

Лос Анџелес, 28. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Церемонијата на која легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант требаше да влезе во „Куќата на славните“ во НБА, е презакажана за 2021 година. Ова е официјално потврдено на веб-страницата на лигата.

Церемонијата првично беше предвидена за 29-31 август во Спрингфилд.

Брајант во јануари оваа година загина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата 13-годишна ќерка и седум други патници.

Кошаркарот играше за Лос Анџелес Лејкерс 20 години и важи за еден од најдобрите играчи во историјата на НБА.

На 4 април беше објавено дека Брајант ќе биде вклучен во „Куќата на славните“ постхумно и една година пред предвиденото. Според правилата, кошаркарите ја добиваат оваа чест не порано од пет години по завршувањето на кариерата. Играчот ги заврши настапите во 2016 година. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

scroll to top