февруари 12, 2021

Скопје, 12. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во декември минатата година Република Македонија ја посетиле 6.016 странски туристи, што е намалување нза 85.2 % во однос на истиот месец во 2019 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на домашни туристи бил 25.159, што претставува раст за 20,7 отсто во однос на декември 2019 година.

Во декември 2020 година вкупниот број на туристи е 31.175, а остварени се 60.345 ноќевања.

Во периодот јануари-декември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, се бележи пад во бројот на туристи и број на ноќевања. Минатата година земјава ја посетиле 467.514 туристи, а во 2019-та имало 1.184.963. Лани биле остварени 1.697.535 ноќевања, а во 2019-та повеќе од двојно – 3.262.398. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука