мај 28, 2020

Флорида, 28. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Лансирањето на првото човечки управувано вселенско летало на компанијата „SpaceX“ е откажано – петнаесет минути пред планираното полетување поради лошите временски услови, објави НАСА.

Астронаутите Боб Бенкен и Даг Харли веќе беа во капсулата, а американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, како и потпретседателот Мајк Пенс и неговата сопруга дојдоа да го следат историскиот настан.

Шефот на НАСА беше оптимист, додека експертите кои го набљудуваа времето даваа можност за лет од 50/50 проценти. Ова е првиот човечки управуван вселенски лет од САД од 2011 година.

Следниот обид е закажан за сабота во 3:22 часот по локално време. Тогаш има 60 проценти шанси времето да биде добро, но како и секогаш на Флорида, можно е невреме во пролет. (Крај)

извор: Радио Слободна Европа фото: НАСА

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука