септември 29, 2020

Рим, 29. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Научниците користејќи ги радарите на Европската вселенска агенција, открија три нови езера на Јужниот пол на планетата Марс. со тоа го потврдија тврдењето на научници од пред три години дека под мразот на Марс има водени површини.

– Го идентификувавме истото водно подрачје, но пронајдовме уште три езера – ијзави Елена Петинели од Универзитетот во Рим.

Езеро според пресметките, се простира на 75 илјади километри квадратни.

За да откријат што се крие под површината на Марс, научниците го користеа радарот „MARSIS“, кој што испраќа радио бранови во длабочината и собира повратни информации за тоа што точно се наоѓа под површината.

Додека некои од научниците истакнуваат дека постоењето на водата на Марс може да сигнализира и постоење на живот, другите истакнуваат дека солената вода на овие езера всушност би убила секаков вид живот.

Имено, научниците се убедени дека водата од езерата е екстремо солена за да остане во течна агрегатна состојба поради недостатокот на атмосферата.

Некои дури веруваат дека водата не е течна во онаков облик каков што ние го познаваме на планетата Земја, туку дека се работи за густа смеса која што се дефинира како течна, а повеќе потсетува на густа смеса. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука