мај 16, 2020

Охрид, 16. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Снимките направени од воздух се секогаш атрактивни и интересни, затоа што ни даваат поинаква перспектива на местата во кои живееме.

Едно постаро видео, кое датира од 2014 година, го прикажува Охрид од таква перспектива и уште еднаш ја потенцира целата негова убавина.

Објавено е на профилот на YouTube – skevin98, а станува збор за слетување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, по лет од 2,5 часа на авион на Corendon од типот Boeing 737-800, кој летал за Охрид од Амстердам. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: skevin98

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука