ноември 5, 2020

Скопје, 5. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Средното стручно образование треба целосно да се реформира и да се приспособи на најновите трендови во производството, со што ќе се обезбеди стручен кадар кој веднаш по завршувањето на образованието ќе може да одговори на пазарот на трудот.

Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на дебатата „Премостување на јазот кај вештините за создавање нови работни места“, организрана од УНДП и Британската амбасада.

-Владата прави конкретни чекори со коишто до крајот на мандатот треба да ја поставиме рамката за средно стручно образование. Сето ова го правиме со огромна поддршка од нашите меѓународни партнери. Она на коешто забрзано се работи во овој момент е воспоставување на три регионални ВЕТ-центри коишто ќе служат за остручување на кадар што ќе биде обучен за да може ефикасно и веднаш по завршувањето на образованието да одговори на пазарот на трудот. Првите вакви центри од идната година ќе профункционираат во Охрид, Тетово и Куманово, но тенденцијата е да се отворат и во сите останати региони во државата, рече Царовска.

Taa истакна дека во изминатите 30 години воопшто не било вложувано во средното стручно образование, односно реформите кои се правеле биле во насока да се поттикнува запишување во гимназиите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука