Породилното отсуство продолжува да важи до завршувањето на времените мерки

Скопје, 28. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Согласно владината уредбата со законска сила породилното отсуство продолжува да важи до завршување на времените мерки за справување со вирусот COVID-19, со цел да се обезбеди заштита и грижа на децата, информираат од министерството за здравство.

Секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање или посвојување по прогласување на вонредната состојба има право да продолжи да го користи породилното отсуство, а со тоа продолжува да го користи и надоместокот на плата.

Фотографија на Венко Филипче.

Отсуството од работа на работничката поради бременост, раѓање и/или посвојување продолжува до завршување на времените мерки, а надоместокот на плата продолжува да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: архива

 

 

scroll to top