октомври 2, 2020

Вашингтон, 2. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на COVID-19.

Во твит, претседателот Трамп објави: „Вечерва, @FLOTUS (првата дама на САД) и јас се тестиравме и сме позитивни на COVID-19. Веднаш влеговме во карантин и го започнавме процесот на закрепнување.  Ќе го поминеме ова ЗАЕДНО!“

Првиот човек на САД претходно изјави дека тој и првата дама ќе се самоизолираат откако Хоуп Хикс, една од неговите најблиски соработници, објави дека е позитивна на корона вирусот. (Крај)

извор: Sky News фото: Sky News

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука