април 3, 2020

Мексико Сити, 3. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Мексиканската компанија Grupo Modelo која го прави светски познатoтo пиво „Корона“ објави дека привремено го запира производството на овој и останатите брендови, кои се извезуваат во 180 земји.

Мексиканската влада неделава објави вонредна состојба поради епидемијата на коронавирус и нареди прекинување на неесенцијалните производствени активности во земјата. Од Grupo Modelo соопштија дека одлуката за стопирање на производството ќе стапи на сила од недела.

Компанијата Grupo Modelo има 11 пивари низ Мексико. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука