Охрид, 15. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи протест против нацрт Законот на Министерството за образование и наука (МОН).
Протестот кој ќе се одржи пред зградата на општина Охрид со почеток во 12:00 часот е организиран од активистите на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“.
Од таму најавија дека протестите ќе се одржат координирано во поголемите градови низ Македонија и информираат дека биле неуспешни обидите за компромис со Министерството за образование и наука и со министерката Царовска за законскиот проект за учебници и наставни материјали во основното и средно образование и затоа ги закажале мирните протести против донесувањето на тој закон.
Министерката за образование Мила Царовска, која вчера беше во работна посета на Охрид, посочи дека барањата на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ се насочени на враќање на предметот етика на религии, за која нагласи дека е изборен предмет.
– Настава има, учебници има, настава ќе има, учебници ќе има што значи дека барањата се остварени, посочи Царовска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива