септември 24, 2020

Женева, 24. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Истражувачи при Светската метеоролошка организација (СМО) открија нов рекорд на најниска температура на Земјината северна хемисфера. 

Според запис пронајден неодамна, по редовни проверки, на Гренланд на 22 декември 1991 година биле измерени -69,6 Целзиусови степени. Тоа е за два степена пониско од досега познатиот рекорден студ.

Податокот е забележан од автоматска метеоролошка станица Клинк на Гренланд во средината на зимата пред речиси 30 години.

Досегашните познати рекорди од -67,8 Целзиусови степени се забележани во Верхојанск, Русија, во февруари 1892 година и во Ојмјакон, Русија, во јануари 1933 година. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука