јануари 28, 2021

Женева, 28. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Новата, позаразна верзија на COVID-19, која за прв пат беше откриена во Велика Британија, се прошири во 70 земји, во 10 повеќе од пред една недела, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Во најновиот епидемиолошки извештај, агенцијата на Обединетите нации наведува дека варијантата на коронавирус откриена во Јужна Африка минатата недела се проширила во уште осум земји и сега е присутна во 31 земја, пренесуваат светските медиуми.

Се додава дека варијантата откриена во Бразил се прошири во осум земји. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука