мај 11, 2020

Охрид, 11. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28-ми април, денот кој православните христијани го слават во чест на Св. апостоли Јасон и Сосипатар.

Свети Јасон потекнувал од Тарс, родниот град на апостол Павле кој се наоѓал на долниот дел од Мала Азија. Сосипатар пак, од Ахаја. Нив Павле ги спомнува во Посланието до Римјаните. Јасон бил епископ во Тарс, а Сосипатар во Иконија, во малоазиската област Ликаонија. Заедничката судбина ги носи на островот Керкира (денес Крф), каде што го посеале семето на евангелската проповед.

Заради тоа два пати биле затворани, дури и мачени, но од затворот и двата пати излегуваат неповредени, а нивното лично сведочење станува столб од светлина на островот Керкира.

Подоцна, тие се разделиле и се вратиле во местата каде биле поставени за епископи. Таму и го завршиле животот во длабока старост. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука