мај 16, 2020

Охрид, 16. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3-ти мај, денот кој православните верници го слават во чест на Св. маченици Тимотеј и Мавра.

Овие маченици потекнуваа од Тиваида, а таму и живееа за време на царувањето на Диоклецијан. Тимотеј беше отец во тиваидската црква, а само неколку дена пред мачеништвото се беше оженил со Мавра. Тогаш настана прогон на христијаните и Тимотеј беше фатен и одведен кај управникот на градот.

Од него бараа да ги предаде црковните книги, а кога светиот Тимотеј одби да ги предаде книгите што сам ги беше препишувал и во кои се наоѓаше небесната ризница, управникот го предаде на маки. Наскоро истата судбина ја снајде и света Мавра. Најпосле, двајцата беа распнати на крст. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука