мај 12, 2020

Вухан, 12. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Оперативниот штаб на Вухан наложи за десет дена да се изврши скрининг на населението за ковид-19, откако се појавија нови случаи на заразени во градот.

На 9-ти мај, за прв пат во Вухан беше забележан нов случај на зараза со коронавирусот по завршувањето на пандемијата, како и 16 асимптоматски носители на вирусот.

Точно 24 дена подоцна, пет лица покажаа клинички знаци на болеста и беа прекласифицирани како потврдени случаи. Ова доведе до епидемиолошка закана во областа да се зголеми од ниска на средна.

На 18-ти април, Вухан беше одреден како област со низок ризик, а на 26- ти април, болница во градот го отпушти последниот пациент со коронавирусот.

Оперативниот штаб во Вухан за борба против ковид-19 сега испратил итна порака до сите оперативни штабови во градските области во врска со ситуацијата.

Донесена е одлука да се спроведе скрининг на целото население во Вухан за присуство на вирусна нуклеинска киселина, а тестовите треба да бидат завршени во рок од 10 дена.

На 8 април властите во Кина целосно ја укинаа сообраќајната изолација на Вухан и им дозволија на луѓето да го напуштат градот, кој поради коронавирусот 76 дена беше отсечен од светот.

Во Вухан живеат околу 11 милиони луѓе. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука