март 16, 2021

Белград, 16. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Србија воведува нови строги епидемиолошки мерки.

Неофицијално, според српските медиуми, Кризниот штаб, ширењето на заразата на коронавирусот сака да го сузбие со воведување на нов карантин. Конкретно, во Србија во следниот период освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи, речиси ништо нема да работи.

Новите мерки на сила ќе стапат утре, а се уште не е објавено до кога ќе траат. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука