јуни 20, 2020

Охрид, 20. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се уписите за четвртата генерација на веб програмери во Охрид. По тој повод, Сеавус Едукативен и Развоен Центар го најавија и традиционалниот ден за тестирање за стипендија насловен како Challenge Day.

– До 23-ти јуни, сите оние кои се заинтересирани да бидат дел од Академијата за веб програмирање во Охрид можат да аплицираат за целосна и полу-стипендија. Тестирањето ќе се одржи на 25-ти јуни во просториите на СЕДЦ во Охрид, информираат од Сеавус.

Повеќе информации за овој настан можете да прочитате на нивната веб страна или Facebook. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука