мај 14, 2021

Охрид, 14. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Охрид ќе се одржи протест против нацрт Законот на Министерството за образование и наука (МОН).

Протестот кој ќе се одржи пред општина Охрид со почеток во 12:00 часот е организиран од активистите на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“.

Министерката за образование Мила Царовска, која денес беше во работна посета на Охрид, посочи дека барањата на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ се насочени на враќање на предметот етика на религии, за која нагласи дека е изборен предмет.

– Настава има, учебници има, настава ќе има, учебници ќе има што значи дека барањата се остварени, посочи Царовска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука