јуни 17, 2020

Скопје/Охрид, 17. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Хотелите ќе отворат во понеделник, но гостите кои ќе бидат сместени покрај езерата нема да смеат да ги користат плажите.

– Протоколи за плажи засега нема, потврди заменик министерот за здравство Арменд Арслани. Правилата за користење, но и начинот како треба посетителите да се однесуваат на плажите преку препораки треба да објави Комисијата за заразни болести.

– Јас доаѓам од Струга, и од аспект на ова и барањата од граѓаните долж крајбрежјето на езерото се секојдневни, тоа што моментално е разговарано и во Комисија и истото е применето, еден дециден протокол се уште не е даден и за плажите, вели Арслани.

Од општина Струга за Тв Алсат М велат дека немаат можност да одговорат на нашите прашања бидејќи целокупната општинска администрација е во самоизилација поради потврдени случаи на вирусот во зградата на локалната власт.

Неизвесно е што ќе биде со плажите во Охрид кои сите се со истечени концесии и за кои Владата донесе уредба со која им наложи на закупците да ги вратат во првобитна состојба. Денес продолжи уривањето, овој пат на една од најатрактивните плажи на охридската ривиера, плажата „Немо“. (Крај)

извор: Тв Алсат М фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука