октомври 21, 2020

Скопје, 21. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска истакна дека екскурзии нема да бидат организирани екскурзии за учениците, туку ќе може да одат само на прошетка заедно со наставниците.

-Учениците може да имаат прошетка, движење, заедно со наставниците до пет километри. Од друга страна она што се случува од минатата година, зошто агенциите не ги вратиле парите, сметам дека има уредби, а Министерството за економија имаше препораки да се дадат ваучери коишто ќе може да се користат во наредниот период, и тоа сигурно се случило. Јас ги повикувам директорите на училиштата кои се одговорни за екскурзиите ги викнат родителите и да најдат заеднички јазик на кој начин тие пари од лани ќе им бидат вратени. Годинава екскурзиите не се дозволени, истакна Царовска.

На новинарско прашање околу бојкот на наставата кој го практикуваат неколку училишта, Царовска уште еднаш потенцираше дека со тоа само губат учениците и дека со бојкот ништо не се постигнува. (Крај)

извор: Тв21 фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука