ноември 13, 2020

Скопје, 13. неомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Подготовките за државната матура во учебната 2020/2021 година се во тек, а полагањето на завршните испити ќе се одржи во предвидениот законски рок, во јуни следната година, порача министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната работна посетата на Битола.

-Би сакала да ги поттикнам учениците до крајот на ноември месец да изберат проектна задача во делот на матура којашто ќе се случува оваа година и исто така, до крајот на наредниот месец, да изберат предмети коишто ќе сакаат да ги полагаат за матура. Не сакаме пандемијата да предизвика застој во развојот на нашите ученици коишто се нашата иднина. Токму затоа, согласно законските рокови, матурата ќе се извршува во текот на наредната година, нагласи министерката Царовска.

Матура има во сите земји во регионот и во сите европски земји и овие завршни испити и покрај панедемијата, се одржаа и минатата година.

-Оваа година ќе треба да се случи и во нашата држава заради тоа што не сакаме да бидеме исклучок по одредени негативни пракси. Токму затоа матурата е навистина значајна за утврдување на знаењата, но исто така и за понатамошниот развој на нашите млади граѓани од коишто очекуваме понатаму да ја водат државата и да го водат економскиот развој, изјави министерката Царовска.

МОН во соработка со средношколците, со училиштата, со наставниците и секако со здравствените власти ќе обезбеди успешно и безбедно полагање на матурските испити. (Крај)

извор: Министерство за образование и наука фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука