март 9, 2021

Скопје, 9. март 2021 (ОХРИДПЕРС) – Не се планираат нови мерки за училиштата вели министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање дали се планираат промени со оглед на тоа дека периодов расте бројот на новозаболени од COVID-19.

– Состојбата во училиштата е стабилна. Според последниот извештај, 35 ученици и околу 60 наставници се заболени, што е многу помалку од крајот на првото полугодие. Сите протоколи се спроведуваат, немаме интерно ширење на болеста, стабилно е, засега не се размислува за поинакви мерки во училиштата, рече Царовска.

Комисијата за заразни болести вчера препорача, а Владата треба да одлучи на денешата седница дали ќе го прифати предлогот за воведување на полициски час од 22:00 до 05:00 часот. (Крај)

извор: info.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука