септември 2, 2020

Охрид, 2. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за странски јазици „Кловер“ информираат дека започнаа уписите за оваа учебна година.

Поради новонастанатата ситуација и мерките на заштита од COVID-19, наставата ќе се одржува на повеќе начини:

– со физичко присуство во мали групи од 4 до 5 кандидати (местата се ограничени),
– online или
– преку индивидуални часови

Од „Кловер“ нудат и курсеви по англиски, германски, италијански јазик и математика за деца и возрасни. Поради ограничениот капацитет, уписите ќе траат до пополнување на групите.

Сите заинтересирани, дополнителни информации можат да добијат на телефоните: 046/254-390, 070/352-853 и 077/936-163 или лично во просториите на „Кловер“ на булевар „Туристичка“ бр. 69 во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

**комерцијален текст

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука