јуни 26, 2020

Подгорица, 26. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Црна Гора синоќа донесе нови мерки заради зголемувањето на бројот на активни случаи на коронавирус, меѓу кои ја вклучи и забраната за црковни литии.

На владиниот налог на Твитер синоќа беше соопштено дека верските собири се забранети на отворени места, освен во деловите што им припаѓаат на верските објекти.

Меѓу мерките воведени заради зголемувањето на бројот на активни случаи на коронавирус, кои, наводно биле увезувани од странство, а потоа се прошириле низ Црна Гора, е и забраната за политички митинзи на отворено место.

Владата, исто така, забрани присуство на гледачи на спортските настани, а погребите се дозволени само во близок круг на семејството. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука