јули 16, 2020

Подгорица, 16. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Националното координативно тело за заразни болести (НКТ) на Црна Гора донесе одлука со која самоозолацијата за контактите на заболените од коронавирус трае 21 ден, јавуваат подгоричките медиуми.

Како што е наведено, НКТ, по предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, одлучи да ги измени наредбите на Министерството за здравство во врска со карантинот и самоизолацијата на лицата за кои биле или се претпоставува дека се во контакт со лица заразени со коронавирус или се суспектни дека страдаат од оваа болест, соопшти Владата на Црна Гора.

Во соопштението на НКТ се наведува дека самоизолација до закрепнувањето, а најмалку 21 ден, им е одредена и на оние кои имаат позитивен ПЦР тест за коронавирус, имаат благи симптоми или немаат симптоми на болеста. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука