февруари 12, 2015

Вејл,12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Селекцијата на Австрија е победник на тимското натпреварување на СП во алпско скијање кое се одржува во Вејл и Бивер Крик во САД.

Австриската репрезентација во финалето ја победи Канада и успеа да го одбрани златниот медал кој го освои пред две години.

Тимскиот златен трофеј е четврто злато за Австрија на ова натпреварување, претходно Хиршер победи во супер комбинација, а Рајхелт и Фенингер победија во супервелеслаломските трки.(Крај)

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука