АВ Охрид на домашен терен го пречекува Ловќен

Охрид, 10. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на АВ Охрид во првиот натпревар на домашен терен во новата година дома ги пречекуваат кошаркарите на Ловќен Цетиње, во рамки на 13-то коло во Јадранската втора АБА лига.

Тренерот Петар Чочороски вели дека ова е нов предизвик за нашите кошаркари. Со нови тактики и воигрувања со Јунаковиќ ќе се обидат да ја забрзаат играта и да стигнат до лесни поени.
Во претходниот натпревар што охриѓани го играа во Цетиње, беа совладани од Ловќен со резултат 94:72.

Инаку, според позициите на табелата, АВ Охрид и натаму е на последното, 12-то место, а Ловќен е на седмото место.

Натпреварот ќе се одигра денеска од 17:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top