јануари 12, 2017

Скопје/Охрид/Струга, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за млади и спорт, во однос на активностите кои ја одбележаа минатата 2016 година, издвои дека бројни проекти биле реализирани во Охрид и Струга.

Во однос на затворениот пливачки базен во Охрид, од агенцијата велат дека изградбата е во напредна фаза и со него се очекува да се повратат спортовите по кои Охрид е препознатлив, како пливањето и ватерполото. За овој капитален проект се издвоени околу пет милиони евра од буџетот на Агенцијата за млади и спорт. Минатото лето најдобрите 300 ученици од училишните спортски игри беа наградени со бесплатно летување во Охрид на „Училишниот спортски камп“, каде имаа можност да се дружат со нивните спортски идоли.

Охрид беше вклучен и во Кампањата против говор на омраза заедно со општините Гази Баба, Кавадарци и Прилеп.

Од вкупниот број на терени кои се предвидени во Програмата, минатата година се изврши санација и адаптација на фудбалско игралиште во село Мороиште, Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука